Текстотека

Не плашете се од тешки тренинзи, размислете како постапувате со храната.

Колку пати сме ја слушнале изреката ” не кревам тежина затоа што не сакам да бидам масивна/масивен” особено ова мислење владее кај женската популација.

Mасивноста е резултат на прејадување во комбинација со низок интензитет на тренизи. Мусклите се делат на две основни групи, меки и тврди, доколку сакате тврди мускули кои ќе изгледаат тонирано, верувајте тоа го можат само тренинзите со тежина, избалансирана исхрана + кардио тренинзи, во секој случај тренинзи со висок интензитет.

Сведоци сме на изгледот на моделите, па и тие изведуваат тренинзи со големи тежини, малиот процент на масти го одржаваат со помош на хранта и кардио вежбите. Додека масивните бодибилдери, кои одат по натпревари за бодибилдинг, ја делат годината на 2 периоди и тоа за качување на маса, особено зимски ( каде добиваат килограми +) и период за дефинирање.

Доколку бодибилдерите не се хранат со зголемен број на калории, шеќери, масти, хидати и протеини нема ни да ја зголемат телесната тежина и нема да изгледаат масивно.

Не плашете се од тешки тренинзи, туку размислете како постапувате со храната.

НИЕ СМЕ ТОА ШТО ЈАДЕМЕ!