Текстотека

Што е казеин?

Што е казеин?

Казеинот е млечен протеин. Околу 80% од протеините содржани во млечните производи се казеин, останатиот дел е whey протеин (млечна сурутка). Казеинот кој доаѓа во форма на суплемент се произведува од обезмастено млеко кое се преработува до форма на урда која се измива со вода за да се прочисти и да се добие краен производ кој ќе содржи 96% протеин. Потоа урдата се дехидрира за да се трансформира во прашеста форма.

Казеинот се смета за протеин кој споро се разредува заради тоа што формира „грутки“ во стомакот кои се разредуваат 5-7 часа.

Тоа го прави идеален за вечерен оброк пред спиење кога телото е во фаза на одмор и регенерација, бидејќи го храни со протеини во текот на цела ноќ.

Благодарение на спорото разредување, казеинот обезбедува континуирано транспортирање на аминокиселини до мускулите кои им помагаат да се регенерираат и да се зацврстат додека спиете, што може да резултира и со зголемена енергија кога ќе се разбудите. Ако вежбате навечер, најдобриот оброк после тренинг кој можете да го земете е токму казеин.

Хардкор препорачува Casein 100 од Trec Nutrition

https://hardcoreshop.mk/shop/casein-100-600gr-2/

*  Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист