Тестостеронот е најважен машки хормон, кои во мала мерка го имаат и жените. Машкиот организам лачи многу голема количина на тестостерон, просечно 260-1000 нанограми на децилитар крвна плазма, а жените 15-70 нанограми. Неговиот биолошки ритам покажува голема вредност во утринските часови, со најголема вредност меѓу 6 и 8 часот наутро, но со пониска вредност во послепладневните и вечерните часови. И што поголем тестостерон машкиот организам поседува, тогаш имаме поснажно, мускулно тело.
За време на пубертет доаѓа до зголемување на неговата продукција, поради зголемување на лачењето на лутенизираниот хормон (ЛХ) на аденохипофизата што доведува до нагло растење и развој.
После завршување на пубертетот тестостеронот предизвикува прекин на растење во висина. И потоа во понатамошниот живот после завршување на растењето, либидото, сперматогенезата како и целото функционирање на машкиот репродуктивен состав се под влијание на тестостеронот. Освен во телесните карактеристики, овој хормон игра улога и во менталниот живот кај мажите.
Недостатокот на хормони може да предизвика озбилни ефекти врз телото, недостаток на енергија, намалување на мускулната маса и сила, депресивно расположение. Максималниот пораст е измеѓу 18 и 35 год. а неговото намалено лачење е после 40 година од животот и нивото опаѓа со 1% годишно.
Во крвта на човекот се наоѓа околу 2% слободен тестостерон кој делува на рецепторите, а останатиот дел е врзан за Албуминот и Глобулинот.
Начинот на кој машкото тело го искористува расположивиот тестостерон зависи од бројот на рецепторите на организмот на секој машки организам и од смесувањето на тие рецептори.
Кои фактори делуваат на лачење на тестостеронот?
Како што е познато, ендокриниот состав е сигнален информативен состав сличен на нервниот систем, и реагира на голем број на внатрешни и надворешешни поддржувања или со зголемено производство на поедини хормони.
Докажано е дека со правилен тренинг со повисок интензитет који активира поголеми мускулни групи , делува на појачано лачење на тестостерон за време и после вежбање дури за 40%.
Исто така и кај вежбање со екстремно телесни напори нивото на тестостерон паѓа и за 40%. Измеѓу различните облици на интензивен тренинг најголемо влијание на зголемен слободен тестостерон во крвта покажува бодибилдингот.
Друга причина која делува на лачењето на тестостеронот е стресот. Функционирањето на целиот ендокрин состав под големо дејство е на емоциите и мислите.
Психолошкиот и физичкиот стрес предизвикува лачење на хормонот кортикотропина кој го поттикнува зголемувањето на кортизолот. А што е поголемо нивото на кортизолот, толку е помало нивото на тестостеронот.
Поради тоа треба да се избегнат стресни ситуции, размислувајте позитивно, усмерете ги своите мисли на нешто убаво, опуштајте се, спијте 8 саати дневно и на тој начин помогнете си себеси.
Следен фактор исто така можете природно да делувате на лачењето на тестостеронот е со начинот на исхрана.
Треба да се збогати исхраната со големи количества на есенцијални масни киселини. Нивен извор се јаткастото овошје, авокадото, рибата и зелениот зеленчук.
Исто така јајцата, телешкото месо, сирењето се слична храна богати со есенцијални масни киселини.
Од друга страна избегавајте ги диетите со низок износ на јагленихидрати и висок удел на протеини зошто го смалуваат производството на тестостерон. Внесот на масти би требало да изнесува околу 30%.
Ако претеравте, постепено намалете ја својата телесна тежина зошто зголемените килограми предизвикуваат пореметување на нивото на естроген и тестостерон.
Сиптоми на недостаток на тестостерон:
-Намалено либидо
-Еректилна дисфункција
-Осеќај на депресија и нерасположеност
-Хроничен замор
-Зголемување на телесната тежина
-Намалување на мускулната маса
-Пореметување на сонот, раздразливост, напнатост.
* Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.