Суплементи, Текстотека

Pre Workout & Fat Burner дали и како да се комбинират ?

Користам топач на масти дали може да користам и pre-workout?
Пред да изберете помеѓу согорувач на масти или pre-workout од суштинско значење е да ги разберете вашите цели.
Дали сакате да ги подобрите вашите перформанси за време на тренинзите, или главно сте фокусирани на намалување на апетитот и согорување на маснотии во текот на денот?
Овие два суплементи имаат сосема различна улога во остварувањето на Вашите фитнес цели.
Pre- workout се користи непосредно пред тренинг како би се оптимизирарале спортските перформаси со зголемување на енергијата и подобрување на фокусот за време на тренингот. Неговото дејство трае од 30 мин до 2 часа зависно од индивидуата и составот на истиот.
Топачите на масти се користат помеѓу оброците како би го помогнале процесот на трошење на мастите (поткожни резерви воглавно) за енергија, или да го регулираат апетитот( оние кои содржат глукоманан), и третите кои се инхибитори на макронутриентите.
Најчесто употребувани во фитнес светот се термогениците топачи на масти кои со еден збор го “подгреваат” метаболизмот.
Најбитниот момент кога комбинирате топач на масти и pre-workout е да бидете информирани за содржината на стимуланси во истите, пред се на кофеинот. Доколку користите топач кој содржи кофеин паметно е да изберете pre-workout без кофеин како би се поштедиле од висок притисок, тахикардија, раздразливост и несоница.
Оптимален тајминг за конзумирање на овие два додатоци би бил во временска разлика од 3-4 часа како максимално би се искористиле бенефитите од истите.
Наш предлог за комбинација на топач на масти и pre-workout:

 

Текстот го подготви:

Христина Марковска