Креирање на нарачка
На веб страната hardcoreshop.mk одбирате производ . Потоа го додавате во кошничка.
Со клик на кошничката ве пренасочуваме кон страната за преглед на нарачки. Тука можете да видите кои производи сте ги одбрале и колку чинат. Кога ќе ги одберете саканите производи кликнете на плаќање. Внесете ги сите потребни информации за достава и потврдете ја нарачката.
Регистрација
Не е задолжително да се регистрирате за да направите нарачка. Може да направите нарачка без регистрација со тоа што ќе ги внесувате сите информации за достава.
Препорачуваме да се регистрирате за системот да ги зачува вашите информации. На овој начин помала е можноста за грешки како на пр. погрешен број или адреса.
Дополнително со регистрирање ќе ги добиете сите известувања за акции, промоции и попусти на вашата е-маил адреса.
Потврда за успешно направена и процесирана нарачка
По креирање на нарачката ќе добиете е-меил за потврда на успешноста на нарачката.
Откако нарачката ќе биде обработена се предaва на курирска служба за достава и добивате потврден меил со фактура од направената нарачката.
Доколку немате примено е-маил проверете го и SPAM фолдерот.
Доколку сте регистриран корисник, едноставно сите ваши нарачки може да ги прегледате на својот профил во делот – Историја на Нарачки.
Нарачките направени за викенд и државни празници се процесираат наредниот работен ден.
Достапност на производите
Наш оператор ќе ве исконтактира САМО доколку има проблем со достапноста на производите.
Доколку нарачката е направена во петок после 16ч или во текот на викендот, операторот ќе ве исконтактира наредниот работен ден.
Зашто не ми стигнаа сите производи од нарачката?
Доколку во една нарачка имате повеќе од еден производ, можно е производите да бидат од различни магацини и да ви пристигнат како посебни пратки во различен временски период.
Доколку поминат 5 работни денови и производите сеуште не се пристигнати, контактирајте го нашиот оператор на: 078 362 092
Во период на распродажба, ќе бидат испорачани само производите кои се достапни на залиха.
Откажување на нарачка
Откажување на нарачка е возможно во рок од еден час откако ќе ја направите нарачката и тоа може да се направи исклучиво на тел: 078 362 092
Промена на потврдена нарачка
Нарачката не може да се промени доколку сте добиле потврден мејл за успешно направена нарачка.
Доколку верувате дека настанала некоја грешка со нарачката, сакате да замените, отстраните или додадете нов производ во нарачката, контактирајте не на [email protected] или на 078 362 092 и нашите оператори ќе пробаат да го реализираат вашето барање.
Промена на адресата за достава на потврдена нарачка
Доколку веќе сте добиле потврден мејл за успешна нарачка, адресата за достава не може да се промени. Оваа промена може да ја направиме ние за вас, САМО доколку навремено не известите во истиот ден кога сте ја креирале нарачката.
Ознака НЕМА НА ЗАЛИХА
Оваа ознака значи дека бараниот производ е распродаден и не може да се порача онлајн.