Секој кој сака изградени мускули, знае дека протеините се градбен материјал за мускулите. Исто така, знае и дека протеините се состојат од уште помали составни делови – аминокиселини. Тие се 20 на број, некои од нив организмот може да ги создаде сам (неесенцијални), а некои не може да ги синтетизира сам и мора да ги внесе од надвор (есенцијални ).
По овој критериум, глутаминот спаѓа во неесенцијалните аминокиселини. Сепак, тоа е за глутаминот само делумно точно. Имено, телото е способно само да ја синтетизира оваа аминокиселина, но во случај телото редовно да биде изложено на зголемени напори при интензивни и напорни тренинзи, побарувачката за глутамин се зголемува и ги надминува капацитетите кои телото е во можност да ги произведе. Глутаминот во овој случај мораме да го внесеме од надвор. Затоа глутаминот е познат како “условно есенцијална аминокиселина”.
Глутаминот е најзастапената аминокиселина во мускулното ткиво (преку 60% од вкупните аминокиселини).
Кога концентрацијата на глутаминот надвор од клетката е поголема од онаа во рамките на клетката, глутаминот кој се наоѓа надвор од клетката влегува во клетката се додека концентрациите во рамките на клетката и надвор од клетката не се изедначат. Притоа, заедно со глутаминот, во клетката навлегува и вода. Резултатот е зголемување на волуменот на клетката, која води во насока на синтеза на нови протеини, што е неопходно за раст на мускулната маса.
Губењето на глутаминот од мускулите е пропорционален на стрес, така што при поголем стрес резервите на глутамин може да бидат значително намалени. Каде оди глутаминот од мускулите? Tој оди во ткивата на кои им е потребен и кои не се во состојба сами да го синтетизираат
Дозирање:
Најдобро е да користите чист глутамин во прав. Најдобро време за земање е веднаш по будењето, пред да одите на спиење, пред и после тренинг. Потребно ви е околу 10г глутамин дневно.
https://hardcoreshop.mk/shop/l-glutamine-powder-250gr-50servings/
* Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист