Што прави креатинот како додаток во исхраната?
Креатинот е најчестиот суплемент кој го земаат луѓето кои се занимаваат со спорт, а воглавно работи така што го зголемува обемот на мускулните клетки со тоа што во нив може да складира повеќе вода ,на тој начин зголемувајќи ја синтезата на протеините и дава поголема сила, а се користи и за издржливост бидејќи ја зголемува издржливоста на скелетните мускули.
Во која количина треба да го земате?
За неспортистите, препорачаната доза на креатин е 2-3 грама на ден. За спортистите и оние личности кои се занимаваат со активности кои бараат физичката кондиција, почетната доза е 5g а 10g на ден е оптимална доза, тоа значи една лажичка наутро и една по вежбањето или во текот на вечерните часови.
Дали креатинот треба да се зема во циклуси?
Креатинот не е потребно да се зема во циклуси. Бидејќи не постојат рецептори во телото кои би можеле да создадат отпор кон сензивитетот на земање, што значи дека колку и долго да го земате, тој секогаш ќе функционира на ист начин. Традиционално, креатинот се зема 1-2 недели за полнење, 3 недели во пониски дози и по тоа, 1-2 недели одмор. Заклучено е дека најдобра опција е да се земе препорачаната доза постојано без прекинувањe.
Која е најдобрата форма на креатин?
Обичниот креатин монохидрат е сè што ви некогаш ќе треба.
Креатинот навистина нема “најдобра форма” во овој момент – за сите намери и цели, креатин монохидрат е исто толку ефикасен како и било која друга верзија.
Најдобриот креатин на нашиот пазар
https://hardcoreshop.mk/shop/creaz-500g-powder/
* Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.