Текстотека

Ефекти на кофеинот

Кофеинот е активна супстанца која се наоѓа во кафето, чајот и гуараната. Кофеинот долго се сметал за суплемент кој помага во физичките перформанси. Дејствува така што го активира централниот и симпатичкиот нервен систем. Заради ваквиот ефект, Меѓународниот Олимписки Комитет постави горна граница за легалната употреба на кофеинот при спортските натпреварувања. Моментално, таа граница е 12µgml кофеин во урината, што значи дека личноста тешка 70 килограми мора да испие шест чаши кафе за да го достигне забранетото ниво.

 

ЕФЕКТИ НА КОФЕИНОТ

  • Зголемена издржливост при вежбањето
  • Подобрување при брзите краткотрајни вежби
  • Забрзување на метаболизмот
  • Забрзување на губењето на масти
  • Зголемување на елиминацијата на телесните маснотии
  • Краткотрајно подорување на менталните функции

 

Истражувањата покажале дека кофеинот, кога се зема во дози дозволени од страна на МОК, ја подобрува ефикасноста за 4,2 секунди просечно на тркачите на 1500 метри, како и дека ја подобрува издржливоста на тркачите. До подобрување на издржливоста доаѓа првенствено заради значителното зголемување на нивото на масните киселини во крвната плазма. Зголеменото ниво на масни киселини во крвта ја зголемува можноста за користење на слободни масни киселини како гориво, а со самото тоа се зачувуваат вредни залихи на јагленохидрати.

Како да го земате кофеинот?

Многу е важно да знаете дека нема да го имате истиот ефект ако го земете кофеинот како суплемент или ако испиете една шолја кафе. Причината за ова лежи во сеуште непознатата супстанца која се наоѓа во кафето, а која ги намалува позитивните својства на кафето. Се препорачува внесување на 150 до 200 мг кофеин и тоа 30 до 60 минути пред физичка активност.

https://hardcoreshop.mk/shop/yamamoto-caffeine-tabs-100-caps/

 

* Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.