Креатин со шекер, или креатин со сол?
Се почесто сме сведоци како на социјалните мрежи различни фитнес тренери или нутриционисти не советуваат кој е најдобариот начин да се конзумира креатин монохидрат.
На кој начин да го конзумирам креатинот?!
Зошто креатин со сол?
Еден од начините на размена на материиите на ниво на клетка е со проста дифузија односно движење низ каналите коимпостојат во мембраната на клетката( натриумот низ натриумовите канали, калиум низ калиумовите канали додека кислородот, азототот, јаглерод диоксидот и алкохол се неполарни и нивната липосолубилност им помага да ја поминат клеточната мембрана како таа да не постои.)
Се смета дека солта (натриумот) ја подобрува стапката на навлегување на креатин во вашите мускули. Ова се случува поради тоа што креатинот ја користи енергијата на натриумот кој сака да навлезе во мускулните клетки, а со тоа помага во транспортот на креатинот навнатре.
Сепак, овој метод може да има и недостатоци, како што е несакана задршка на вода како резултат на висок внес на натриум. Ова е повеке изразено доколку не конзумирате доволно вода, па телото собира вода за да ја задржи природната рамнотежа.
Зошто креатин со шекер?
Друг начин на размена на материте на ниво на клетка е олеснета дифузија, односно молекулите треба да се врзат за белковински носачи кои пак со промена на нивната конформација ке ги пренесат на другата страна на мембраната (во клетката).
Брзината на овој транспорт зависи од супстанцијата која се транспотрира но и од бројот на транспортните молекули.
Типичен пример за супстанција која поминува низ мембраната по пат на олеснета дифузија е гликозата. Хормонот инсулин делува на тој начин што го зголемува бројот на транспортни белковини за глукоза во клеточната мембрана, забрзувајки ја на тој начин ресорпцијата на глукозата.
На овој начин всушност шекерот може да помогне да се подобри апсорпцијата на креатин во мускулните клетки благодарение на напливот на инсулин.
Сепак, овој метод може да има и недостатоци, како што е несакано зголемување на телесната тежина.( вишок јаглени хидрати и шекери)
Креатин монохидрат и додатоците на креатин воопшто често доагаат како прашок што треба да се раствори во вода, па еден совет плус од шекерот и солта погоре – Топлата(млака) вода или чај го олеснуваат процесот на растворање.
Како и секогаш, важно е да го пронајдете она што Вам најдобро ви одговара, додека за напредни вежбачи и двата претходно споменати начини на комбинирање на креатинот монохидрат се добредојдена и широкоприфатена опција.
Hardcore Shop Mk во својата палета ви ги нуди сите видови на креатин монохидрат како чист но и со додатоци ( натриум, вит Ц, јагленихидрати, аминокиселини).
Освен монохидрат, ке најдете и комплексни креатини( пируват, цитрат, анхидроус), крегатин и пуфериран креатин односно kre-alkalyn.
Текстот го подготви
Христина Марковска
Професионален фитнес тренер