Променливото време и ослабениот имунитет си го прават своето, па сакале или не лесно може да се разболите. Спречете го проблемот пред да настане, консумирајќи ја вистинската храна.
Јогурт
Една германска студија покажува дека пробиотиците кои може да се најдат во јогуртот помагаат да се справите со настинката и да ја победите за два дена. Сепак, сите јогурти не го подобруваат имунолошкиот систем, туку само оние кои содржат Lactobacillus casei и Lactobacillus reuteri култури. Ваквиот тип на јогурти ќе ги спречи настинките и ќе ви помогне побрзо да закрепнете доколку веќе сте болни.
Витамин Д
Витаминот Д продолжува да изненадува, не само во однос на превенцијата од рак, туку и во онаа од грип. Истражување спроведено во 2007-ма докажа дека земањето на апчиња со витамин Д за три пати ги намалува шансите за добивање на грип. Се препорачува да се зема за време на зимата и во преод на сезоните.
Витамин Ц
Претходните студии поврзани со овој витамин покажуваат дека 1000мг од витамин Ц додатоци за храна ја прават настинката послаба и го скратуваат времето на болеста за половина ден. Голема доза од витаминот ги намалува и инфекциите на дишните патишта. Сепак, не се препорачува да ги земате овие додатоци секој ден. Наместо тоа консумирајте храна богата со овој витамин како киви, портокали, лимон, јагоди и лубеница.
Печурки
Бета-глуканот кој што може да се најде во печурките може да го зајакне имунитетот, да го намали лошиот холестерол и да го регулира крвниот шеќер. Затоа следниот пат кога правите макарони, некоја пица или супа, додадете плус печурки како шампињони и шитаке.
Бадеми
Уште една храна која го зајакнува организмот и го штити од најразлични болести. Бадемите се богати со витамин Е кој спречува да добиете настинка и најразлични форми на грип. Најдобро е да ги јадете печени, но можете да ги консумирате и преку обогатени житарици.
* Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.