Текстотека

Протеини и извори на протеини

Колку протеини ви се потребни?

Протеините се неопходни за нормален раст, развој и функционирање на организмот. Тие се наоѓаат во состав на сите клетки и ткива. Организмот ги користи за раст и градење на коските, на мускулите, на ткивата, на внатрешните органи, на кожата и на крвта. Хормоните, антителата и ензимите, кои ги регулираат хемиските реакции во организмот, се, исто така, создадени од протеини.

Секој протеин представува голем комплекс на молекули создадени од низа на градивни блокови, познати како аминокиселини. Дваесет аминокиселини во организмот се поврзуваат на илјада различни начина и формираат илјада различни протеини од кои секој има посебна функција во организмот. 9 од 20-те амино киселини се сметаат за есенцијални.

Комплетен протеин ги содржи сите есенцијални масни киселини во количината која му е потребна на организмот. Животинскиот протеин од јајцата, месото, рибите сирењето и млекото воглавно се комплетни.

Растителните протеини често немаат една или повеќе есецијални амино киселини и се сметаат за некомплетни. Добро избалансирана вегетаријанска храна, меѓутоа, може да му ги обезбеди на организмот сите потребни амино киселини.

Сите налепници на амбалажата на производите содржат информации за застапеноста на супстанциите кои тие ги содржи во себе. Од трите најважни групи: протеини, јагленохидрати и масти, протеините спаѓаат меѓу оние за кои повеќето луѓе најмалку знаат.

Колку протеини се доволни за добро здравје?

Кога станува збор за протеините и за потребната количина, тоа е доста тешко да се процени, бидејќи потребната количина од протеини се менува со годините.

Новороднечиња: околу 10 грама дневно.

Тинејџери: околу 52 грама дневно.

Тинејџерки: околу 46 грама дневно.

Возрасни мажи: околу 56 грама дневно.

Возрасни жени: околу 46 грама дневно.

Исклучок се трудниците, кај кои потребната количина на протеини изнесува до 71 грам дневно.

Уште еден начин да се избројат протеините е врз основа на количината на калориите во проценти. Затоа е направен и пирамидален план во кој протеините сочинуваат 17 – 21% од вкупната количина на внесени калории во организмот.

Интернационалниот медицински институт препорачува дека е здраво да се внесуваат најмалку 10% и никако повеќе од 35% калории од протеините.

Со анализирање на податоците собрани по пат на истражување спроведено на Интернационалниот институт за здравје и исхрана, откриено е дека 7,7% возрасни девојки и околу 8% постари жени не ја внесуваат во организмот минимално препорачана количина на протеини. Кај мажите на возраст од 51 до 70 години бил забележан внес од 16% калории во форма на протеини, што е, исто така, под препорачаната граница.

Тоа што представува сериозен проблем е фактот дека недостатокот на внесените протеини може да има лоши последици по здравјето на организмот. Протеините се многу важни за правилната работа на многу физиолошки функции, почнувајќи од градењето на мускулите и коските, па се до одржувањето на клетките во добра и здрава состојба.

Една неодамнешна студија покажала дека протеините можат да помогнат во одржувањето на нормалната телесна тежина. Ова истражување покажа дека и зголемување на количината на протеини од 15% на 30% од вкупниот број на калории и намалување на мастите од 35% на 20% од вкупниот број на калории резултира со губиток на вишокот килограми.

Кои се најбогати извори на протеини?

Многу видови на храна претставуваат богати извори на протеини. Тоа се: месото, рибата, млечните производи, јајцата, зрнестиот зеленчук, јатчестите плодови (ореви, лешници, бадеми, кикирики, ф`стаци)…

 

 

* Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.