Текстотека

Житарици за почеток на денот

Житарици за почеток на денот

Житариците се најздрав избор за почеток на денот. Луѓето кои јадат житарици за појадок консумираат повеќе млеко од вообичаената количина и јадат помалку масна храна, месо, јајца и засладени пијалоци, стои во резултатите од истражувањето кое се спроведувало во период од 10 години.

Во студијата се наведува дека јадењето на житарици оди заедно со другите здрави навики како, на пример, редовното вежбање. Житариците се богати со витамини, а луѓето кои јадат житарици за доручек внесуваат и повеќе влакна и јагленохидрати во текот на денот, а и повеќе физички вежбаат.

Научниците во својата студија најмогу се труделе да дознаат зошто токму доручекот сите го нарекуваат најздрав оброк. Редовното појадување е поврзано со подобра исхрана, помало внесување на масти во телото, повисока стапка на физичка активност и подобар квалитет на живот.

Исто така, во истражувањето бил споредуван и животниот стил на лицата кои консумираат житарици со оној на лицата кои јадат други видови доручек.

Познато е дека житариците се богати со влакна, со железо, витамини, минерали, а сиромашни со масти, холестерол и шеќер.

Научниците заклучиле дека луѓето кои јадат житарици имат општо подобра исхрана, бидејќи пијат повеќе млеко, јадат помалку масна храна, помалку шеќер, леб и пијат помалку газирани сокови.

Житариците се едни од најважните намирници за човекот. Тие ги содржат сите потребни хранливи материи, кои се во идеална равнотежа. Содржат: вода, минерали, протеини, масти и јаглехидрати, во различни количества во зависност од видот на житарицата. Сите нутритивни материи кај житариците се во природна рамнотежа, која е идеална за човечкиот организам.

 

Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.