Исхрана, Рецепти, Суплементи, Текстотека, Тренинг

Л Глутамин и придобивки од неговата употреба

Глутаминот e неесенцијална аминокиселина(организмот сам ја произведува), и нема спортист кој не слушнал за овој суплемент.
Познато е дека глутаминот веќе долго време се употребува кај болните на кои им е потребно болничко лекување поради тешки повреди или при бактериски инфекции.
И не само на спортистите и болните, туку и за секој човек глутаминот може да биде важен додаток во исхраната.
Глутаминот е аминокиселина која може во поголема количина да се најде во организмот, а најмногу во мускулите и во составот на цревата.
Но поради катаболните услови при вежбањето како што е бодибилдингот, или било која друга исцрпувачка активност(ски спортови, бокс, аеробик или слично) се излачува голема количина на глутамин.
Доста важна е неговата улога во биолошка синтеза на глутатин кој е најважен растоплив антиоксиданс во клетката. А знаеме која е улагата на антиоксидансите во организмот.
Глутаминот е здрав и сигурен нутриент без штетни дејства.
Во случај на болест доктор препорачува висок дневен внес на глутамин.
Поради тоа што глутаминот е одличен извор на енергија за имунолошкиот и дигестивниот систем тие всушност го „крадат“од мускулите, за да го заштитат организмот од стресот кој им се најавува (физички). Затоа ако пред вежбање внесете доволна количина на глутамин, нема непотребно да ги жртвувате драгоцените негови залихи во мускулите, кои како креатинот го здолемуваат волуменот.
Посебно е изразена потребата за глутамин после високо интензивен тренинг, кога метаболизмот е интензивиран од страна на нашиот одбранбениот систем што кој е резултат на насениот физички стрес. Во тие моменти нагло опаѓа нивото на глутамин во крвта и само тогаш се активира негово создавање од страна на организмот.
Но за да се врати во задоволителна количина е потребно повеќе време, па затоа треба веднаш да се надополни со суплемнтација како не би се спречил мускулниот раст, и опаѓањето на брзината на метаболизмот.
Се почесто се користи кај повозрасните групи (30-50год) како стимулатор за хормонот на раст, со цел да се подмладат истите но и кај деца кои имаат намалено лачење на овој хормон.
Текстот го подготви:
Христина Марковска
Хардкор Шоп