Текстотека

ДРОП СЕРИИ

Што е се дроп сериите?

Дроп серијата претсатвува еден вид на супер серија, каде повторувањата и сериите на дадена вежба се во зависност од самиот вежбач и програмата според која се води тренингот.

Значи сепак се работи по осет на сопственото тело и што тоа бара од нас. За разлика од супер сериите, дроп сериите не се планираат тие едноствано се од голема помош за да се добие чувство на напумпаност на мускулната група и најчесто се изведуваат како последна серија на дадена  вежба, во таа серија не се бројат повторувањата, туку се оди до крајно напумпување.

Дроп серија може да се прави после секоја вежба, а во однос на тежината, обично се намалува, па така може да се направи 2,3,или 4 дроп серии по вежба.