Суплементи, Текстотека

Мелатонин и неговите функции

Како точно функционира мелатонинот?
Мелатонинот претставува хормон. Тој природно се продуцира во нашето тело и е силно поврзан со нашиот биолошки часовник или со нашиот циркадијален ритам. Станува збор за хормон што го контролира спиењето. Се лачи во моментите на намалена светлина и пикот го достигнува во текот на ноќта, потоа постојано се намалува. Мелатонинот може да има интеракција и со имуниот систем, а делува и антиоксидативно и антиинфламаторно, односно го намалува вопалението.
Нашето тело произведува мелатонин природно. Тој не ве тера да спиете, но како што нивото на мелатонин расте во вечерните часови, не става во состојба на тивка будност што помага да се заспие, објаснува експертот за спиење во Џон Хопкинс, Луис Ф. Буенавер, д-р, C.B.S.M.
Телата на повеќето луѓе самостојно произведува доволно мелатонин за спиење. Сепак, постојат чекори што можете да ги преземете за да го искористите максимумот од вашето природно производство на мелатонин.
-Нивото на мелатонин се зголемува околу два часа пред спиење.
-Создадете оптимални услови за да ја заврши својата работа така што ќе ги држите светлата ниски пред спиење.
-Престанете да го користите вашиот компјутер, паметен телефон или таблет – сината и зелената светлина од овие уреди може да ги неутрализираат ефектите на мелатонин.
-Ако гледате телевизија, бидете сигурни дека сте оддалечени најмалку шест метри од екранот. -Исклучете ги и светлите надземни светла.
-Во меѓувреме, можете да му помогнете да го програмирате вашето тело да произведува мелатонин за спиење во вистинско време од денот со тоа што ќе бидете изложени на дневна светлина наутро и попладне. Прошетајте надвор или седнете до сончев прозорец.
Но со брзиот начин на живот овие чекори стануваат некако тешки да се следат, па најсигурна опција ви е мелатонин како суплемент кој не води кон создавање на зависност.
Мелатонинот е дефинитивно најкористениот суплемент кога станува збор за проблемите со спиењето. Покрај користењето за помош при несоница и поради нарушениот ритам на спиење при чести летови со авион, мелатонинот има и многу други употребни вредности..
Линк до производите на Essensey:
Текстот го подготви Христина Марковска