Текстотека

5 видови на храна кои го зголемуваат производството на тестостерон!

Кои видови на храна го зголемуваат производството на тестостерон?

Семки од тиква

Семките од тиква можете да ги консумирате како здрава ужина, грицки или како додаток во оброците. Тие се богати со заситени масти, цинк, магнезиум, и анаболичката аминокиселина леуцин. 30 грама семки од тиква содржат околу 5 грама протеини, 6 грама масти, 5 грама растителни влакна, 19% од дневната препорачана доза цинк и 18% од дневната препорачана доза магнезиум. Цинкот влијае на создавањето ензими кои учествуваат во лачењето на тестостерон, а магнезиумот помага при контракциите на мускулите.

Зеленчук

Зелката, карфиолот, кељот и брокулата треба да бидат дел од вашето секојдневие бидејќи ги контролираат нивоата на естроген преку соединението дииндол метан (DIM). Ова соединение исто така ги блокира ензимите кои го намалуваат лачењето на тестостерон. Ако не сте по природа љубител на овој зеленчук, запишете го во вашиот план на исхрана и најдете рецепти со кои можете да го додадете во вашите омилени оброци ако сакате да ги одржите нивоата на тестостерон на високо ниво.

Свежа туна

Свежата туна е богат извор на висококвалитетни протеини и е полна со добри масти вклучувајќи ги и омега 3 мастите. Парче туна од 85 грама содржи 25 грама протеини и 3,3 грама полинезаситени масти кои ги покачуваат нивоата на тестостерон и помагаат во ослободување од вишокот лоши масти. Омега 3 масните киселини помагаат во намалувањето на катаболичките ефекти од кортизолот кој го потиснува лачењето на тестостеронот.

Чисто црвено месо

Црвеното месо со ниска количина на масти е извор на протеини, витамини, минерали и креатин. Исто така богато е со заситени масти кои се извор на холестерол, а тој е базната молекула која е потребна за создавање на тестостерон. Но, морате да внимавате на тоа да одржувате баланс помеѓу заситените и незаситените мастиво исхраната заради одржување на здравјето. Затоа не треба да претерувате со црвеното месо, а кога го консумирате да бирате што е можно почисто, без хемикалии и токсини.

Јајца

Јајцата се исто така извор на холестерол кој помага во создавањето на тестостерон, како и на витамин Д кој исто помага во покачувањето на нивоата на овој хормон. Тие содржат антиоксиданси кои помагаат во процесот на опоравување и се сметаат за извор на едни од најквалитетните протеини заради тоа што го снабдуваат телото со сите есенцијални аминокиселини кои му се потребни за мускулен раст. Едно цело јајце содржи 187 грама холестерол и 11% од дневната препорачана количина витамин Д.

 

*  Статиите објавени на hardcoreshop.mk се од информативен карактер и не се приспособени во зависност од индивидуалните потреби. За да употребувате одредена диета или суплементи консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист