Суплементи

Л-Аргинин

L-ARGININE
Аргининот е условно есенцијална аминокилеслина која влегува во состав на протеините, креатинот, хормоните, прекурсор -претходник на разни органски соединенија во човековиот организам.
Условно есенцијална значи дека телото во услови на нарушена рамнотежа, лоша исхрана, болест или физички стрес не е во состојба да ја синтетизира во доволни количини, затоа треба да се зема како додаток-суплемент.
Психофизичките перформански воглавно се подобруваат преку зголеменото создавање на хормонот на раст(Growth Hormone) I азотниот оксид (NO).
Л-аргининот е застапен во составот на хормонот на раст како протеин.
Со зголеменото ниво на хормонот на раст се добива мускулна хиперплазија( зголемена мускулна маса- нови мускулни влакна), додека зголеменото ниво на азотен оксид (NO) доведува до вазодилатација на крвните садови. Ова значи дека е зголемен дотокот на крв( кислород, хранливи материи) и до мозокот со што се добива поголема концентрација и фокус, и значително влијае и на подобрување на секлуалниот живот( подобрено либидо, ерекција, оргазам и плодност).
Покрај вазодилатацијата NО го подобрува транспортот на шеќерот во клетките со што се овозможува беспрекорн достапност (присутност) на глукоза-гориво во мускулите.
Особено се препорачува конзумирање на аргинин како суплемент кај лица кои се во пре-дијабетес2 состојба.
Азотниот оксид (NO) кој врши проширување на крвните садови се добива кога со помош на ензими аргининот се конвертира-претвора во алфааргинин кетоглутарат (ААКГ) и азотен оксид.
Додека Л-аргининот се користи и за медицински цели, ААКГ се користи исклучиво за билдинг цели, односно раст и развој на мускулното ткиво.
Линк до производот:
Текстот го подготви: Христина Марковска