Исхрана, Суплементи

Имате болка во грбот, коленото, рамото… ??

Имате болка во грбот, коленото, рамото…⬇️⬇️⬇️
Зглобот претставува поврзаност помеѓу две коски.
Зглобовите и нивните околни структури ви дозволуваат да ги свиткате лактите и колената, да го свиткате грбот, да ја свртите главата и слично. Мазните ткива наречени рскавици и синовијална течност служат како „перниче„ на зглобовите, така што спречуваат триење со коските.
Но, како што старееме, при повреди или при зголемена телесна тежина, доаѓа до истрошување на рскавицата, а ова може да доведе и до оштетување на зглобовите, како и до артритис.
Еве неколку совети за добро здравје на зглобовите.

Вежбањето може да ви помогне да изгубите вишок килограми и да одржите здрава телесна тежина, која нема да го оптеретува вашите зглобови.
Како што знаеме долготрајно лежење, намалена подвижност, подолго време седење пред компјутер се едни од ризик факторите за појава на болка во зглобовите.
Помало движење значи поголема вкочанетост во зглобовите.
Затоа бидете активни, често менувајте позиции доколку сте приморани да седите.
Многу луѓе земаат суплементи за поддршка на здравјето на зглобовите.
Некои ги земаат за ублажување на моменталната болка, додека пак, други ги земаат за да спречат болка.
Повеќето додатоци делуваат на принцип на намалување на воспалението или заштита на рскавицата, која што со тек на време може да се намали.

Кога сме кај суплементи, еден од најзначајните е глукозаминот, како природна компонента на рскавицата, супстанца што спречува коските да се тријат едни со други и да предизвикаат болка и воспаление. Исто така, може да помогне во спречување на распаѓање на рскавицата што најчесто се случува при артритис. Постојат два вида глукозамин: глукозамин сулфат и глукозамин хидрохлорид.
Кога се зема подолг временски период, глукозамин сулфатот може да ја забави прогресијата на остеоартритисот.

Друг важна состојка е хондроитинот, пак (составен дел на ‘рскавицата), може да помогне во спречување на распаѓање на на рскавицата при артроза, како и да ја намали болката во зглобовите и вкочанетоста кај луѓето со остеоартритис.

Во суплементите за здрави зглобови, често се комбинираат хондроитин со глукозамин.

Тука можеме да ја спомнеме и куркумата, чии ефекти се припишуваат на хемиско соединение во куркумата наречено куркумин. Како други суплементи што помагаат при болка во зглобовите, можеме да ги споменеме и босвелијата (индиски темјан), екстракт од масла од авокадо и лен, рибино масло (кое содржи�омега-3 масни киселини), метилсулфонилметан (МСМ).

MСМ(Methylsulfonylmethane) пак е сулфурно соединение кое природно е присутно во многу мали количини во овошјето, зеленчукот, зрната, производи од животинско потекло и некои алги. Најчесто се среќава во свежата храна, но при готвењето на храната количината на MSM значително се намалува.
Соединенијата на сулфур ги има во сите клетки на телото и се неопходни за живот. MSM, во неговата улога во циклусот на сулфур во телото, помага да се создадат хемиски врски неопходни за формирање и одржување бројни различни видови на структурни ткива на човечкото тело, вклучувајќи ги и сврзните ткива, како што се артикуларната ʼрскавица и кожата.

 

линк за нарачка

https://hardcoreshop.mk/shop/essensey-glucosamine-chondoitine-msm-120-capsules/

 

Текстот го подготви Христина Марковска