Исхрана, Суплементи, Текстотека

Течна Куркума и нејзините ефекти

За куркумата како зачин знаете сите- но куркуминот, нејзината главна состојка е лекот носителот на анти-инфламсторни и антиоксидативни ефекти.
Тоа е е состојката која на куркумата и дава специфична жолта боја, превентивно делува на целото тело и чие позитивно влијание врз здравјето е истражувано повеќе од кој било друг природен лек.
Испитувањата покажале дека куркуминот- во лековита смисла е вистинско чудо на природата.
Следниве факти докажуваат дека куркумата како лек воопшто не е за потценување:
Во Индија, во ајурведската медицина, куркумата се смета за свет прашок и се користи за лекување на дијабетес.
Кинеската медицина ја користи куркумата за лекување на депресија, во Бразил се користи за запирање на крварењето и како противотров за каснувања од отровна змија.
На Хаваи од неа се прави сок кој ги елиминира болестите на увото и ги решава проблемите со синусите.
Во Азија од неа се прават креми кои решаваат кожни болести.
Куркумата е исклучително корисна во регулација на варењето, ви ја решава насобраната слуз и маснотии, го спречува создавањето на згрутчување на крвта, помага во детоксикација на крвта и црниот дроб, помага при респираторни проблеми, спречува гастритис, помага за обновување на цревната флора, кај проблеми со габи и бактерии како и цревни паразити.
Најновите испитувања го покажале нејзиното благотворно дејство во лекувањето на артритис, дерматитис и егзема, чиреви, камења во бубрезите и жолчката.
Има изразено антиинфламаторно дејство.
На пример 1200 мг куркумин го има истиот ефект како и 300 мг од антиинфламаторниот лек фенилбутазон, но без несакани ефекти.
Куркуминот успешно ја ублажува утринската вкочанетост и отокот на зглобовите.
Помага при ревматоиден артритис, улцеративен колитис и сите воспалителни процеси во телото. Нејзиното позитивно дејство е забележливо и кај тешките болести како што е Алцхајмеровата болест. Оваа чудесна состојка го штити мозочното ткиво од оксидативно оштетување. Десетина студии покажале дека ја подобрува меморијата и ја стимулира концентрацијата.
Но, и покрај големиот број на студии, куркуминот сè уште е обвиткан во мистерија.
Употребата на куркума во прав, иако здрава и препорачана, не може да обезбеди ниво на искористеност на куркуминоидите, имајќи предвид дека тие се големи молекули кои тешко ги апсорбираат нашите црева.
Liquid curcuma од Scitec Nutrition содржат сосема нова уникатна формула NovaSOL- течен екстракт од корен од куркума кој има 185 пати подобра биорасположливост на куркуминоидите за разлика од правот-зачинот.
Линк до производот: