Исхрана, Суплементи, Текстотека

Пробиотици

Дали јогуртот може да ги замени пробиотиците?
На кожата и слузокожата, на и во нашето тело живеат повеќе од 1.000 видови на различни бактерии, габи и вируси и многу од нив имаат заштитна улога, не штитат од дејството на штетните микроби и се многу важни за нашето здравје. Тоа се таканаречените пробиотски или пријателски бактерии. За жал, силните сапуни, детергенти, антибиотици, пестициди и огромен број прехранбени адитиви ги уништуваат овие корисни бактерии. Поради ова, кожата и слузокожата, стануваат преосетливи и приемчиви на разни штетни микроорганизми.
Преку храната внесуваме многу штетни материи. Во неа се наоѓаат траги од антибиотици и пестициди, а нашите органи за варење не можат да обработуваат вештачки произведени адитиви (конзерванси, засилувачи на вкус и мирис, засладувачи итн.) Многу луѓе денес се жалат на разни стомачни проблеми како што се: чувство на тежина и надуеност во стомакот, болка, лош здив, создавање гасови, запек или дијареа, нагло зголемување на телесната тежина. Некој се жали на ослабен имунитет, почеста појава на замор, безволност што доведува до депресија, додека кај други се појавува раздразливост. Егзема, алергии, промени кои наликуваат на псоријаза и други промени на кожата се исто така чести и често се предизвикани од остатоци од антибиотици и пестициди во храната.
Сè повеќе луѓе страдаат од синдром на нервозно дебело црево, сè почесто се јавуваат ревматски болки, автоимуни заболувања, како што е на пример, воспаление на тироидната жлезда (Хашимото). Со третирање на последиците и симптомите не се отстрануваат основните причини за проблемот, поради што тегобите често се враќаат, а долгорочната употреба на лекови може да има и несакани ефекти.
Квалитетните додатоци во исхраната се покажаа како исклучително ефикасни, бидејќи помагаат да се елиминираат причините за заболувања преку детоксикација, подобрување на варењето и метаболизмот. Затоа се одлична превенција, но и помош во третманот на веќе постоечките тегоби. Дигестивните ензими и растителните влакна веќе долго време се користат а пробиотиците стануваат сè поважни.
Пробиотиците се корисни микроорганизми, најчести бактерии, кои живеат првенствено во органите за варење, особено во дебелото црево. Нивната улога е повеќекратна. Имаат превентивна улога и го намалуваат ризикот од болести, ги обработуваат влакната кои ги внесуваме со храната, создаваат витамини Б и К, помагаат во варењето на млекото и млечните производи, произведуваат супстанции кои како некој вид антибиотик, го спречуваат развојот на штетни микроорганизми, односно го спречуваат развојот на болести, ја помагаат работата на цревата и се многу важни за обновување на цревната флора која се уништува со употреба на антибиотици, некои други лекови или поради воспалителни процеси. Исто така обезбедуваат нормална активност на имунолошкиот систем.
Доколку се уништат тие пријателски бактерии во цревата, доаѓа до развој на штетни микроорганизми, како што се Eeserichia koli или Candida, и нарушувања на здравјето. Истражувањата докажале дека пробиотиците се многу важни не само за доброто здравје на органите за варење, спречување и лекување на кандидијаза, алергии, егзема, акни, туку и дека недостатокот на пробиотски бактерии во цревата влијае на појавата или влошувањето на нарушувањата на расположението, влошување на концентрацијата, хиперактивност и друго, како и појава на болки кај ревматски заболувања, појава на главоболки и разни други воспалителни и автоимуни заболувања.
„Проботиците се неопходни во антибиотската терапија, бидејќи современите антибиотици се исклучително силни и освен што се штетни, ги уништуваат и корисните бактерии во нашиот организам. Последните сознанија покажале дека пробиотикот треба да се зема уште четири до шест месеци по антибиотската терапија, бидејќи е потребно толку време за да се обнови цревната флора“, вели д-р Јарослава Хован Сомборац.
Како што истакнува во нејзините студии, јогуртот не може да ги замени пробиотиците.
„Квалитетниот јогурт, кефирот и другите ферментирани млечни производи содржат пробиотски бактерии, но во многу помала концентрација. Покрај тоа, овие производи содржат и други бактерии кои навистина помагаат во варењето на млекото, но тие не се пробиотски, бидејќи се премногу чувствителни и не можат да го преживеат дејството на желудочната киселина, дејството на дигестивните ензими и не можат да стигнат до дебелото црево, каде што нивната улога е најважна“, истакнува д-р Сомборац.
Линк до производот
Текстот го подготви: Христина Марковска