1. Регистрација на нов корисник
Регистрацијата започнува со клик на полето „Мој профил“ во горниот десен агол на екранот.
По отворање на ова поле, одберете го полето „Најави се“ кое се наоѓа на левата страна на екранот.
Во полето „Регистрација“ внесете ги Вашите податоци (е-маил адреса и лозинка) и одберете го копчето „Регистрација“ на долниот десен дел од екранот.
Потоа системот директно ве пренасочува во вашиот профил каде што може да ги внесете сите ваши лични податоци и податоци (адреси) за достава .
Со самото најавување на профилот ви е автоматски добивате ваш профил кој понатаму може да го користите за правење на нарачки и собирање на поени.