COLLAGEN LIQUID – 25 ML AMPULE


Ако го купите ова вие заштедувате

● Богат со биоактивни колаген пептиди
● Одличен извор на тип-1 и тип-3 колаген
● Екстремно низок процент на масти, шеќер и јаглехидрати
● Вкусен и спремен за пиење
● Без аспартам и ацесулфам-К

SKU: c2b59486a704
x
13 Луѓе го гледаат овој производ сега!

Брза достава

Над 1000+ производи

24/7 подршка

Опис

Што представува Pure Nutrition течниот колаген?

Основната состојка на Pure Nutrition течниот колаген се биоактивните тип-1 и тип-3 колаген пептиди (како што е патентираниот и клинички тестиран Fortigel®). Колагенот е најзастапен протеин во човековото тело, кој е од голема важност за ‘рскавицата во зглобовите, кожата и мускулите. Всушност, колагенот сочинува 60% од тоталниот протеин во телото.

Постојат повеќе типови на колаген во човековото тело, но тип-1 и тип-3 колагенот се од особена важност за интегритетот на ‘рскавицата и кожата како и другите свзни ткива.

Со самото стареење по минување на нашите 20-ти години, нашите тела произведуваат значително помалку колаген. Истражувањата покажуваат дека на возраст од 40 години, повеќето луѓе произведуваат 25% помалку колаген од колку што им е потребно; и на возраст од 60 години таа бројка се искачува до 50%.1

Со самото тоа, како што старееме потребата за суплементација се зголемува. Дури и кај младите спортисти, суплементацијата со колаген останува клучен фактор за поддршка на зглобовите и мусклуната рекуперација.

Pure Nutrition течниот колаген е:

● Богат со биоактивни колаген пептиди

● Одличен извор на тип-1 и тип-3 колаген

● Екстремно низок процент на масти, шеќер и јаглехидрати

● Вкусен и спремен за пиење

● Без аспартам и ацесулфам-К

Придобивки од Pure Nutrition течниот колаген

Постои растечки број на клинички докази кај млади лица, покажувајќи ја ефикасноста на Fortigel® во подобрување на интегритетот на зглобовите и ‘рскавицата, како и намалување на болката во зглобовите и зголемување на нивната еластичност.2 Всушност клиничките истражувања откриваат дека Fortigel® нуди нов пристап кон лечењето на остеоартритисот.

Механизмите при кои тип-1 и тип-3 колагенот овозможува поддршка, се воглавно со намалување на проинфламаторните биомаркери и ублажување на акциите на другите фактори кои предизвикуваат болка во зглобовите.Fortigel® исто така помага во регенерацијата на молекулите кои се наоѓаат во тетивите и лигаментите, со што овозможуваат здрава контракција на мускулите и мобилност.4

Други придобивки од суплементацијата со колаген се подобрената функција на имуниот систем и неурогенезата.

За индивидуалци со компромитирана функција на зглобовите или воспаленост и болка, Течниот Колаген обезбедува со биоактивни колаген пептиди, кои целат кон подобрување на интегритетот на зглобовите и здравјето на кожата преку неколку клучни механизми. Суплементацијата со колаген помага со различни начини, вклучувајќи:

● Ублажување на болки во зглобовите

● Поддршка на интегритетот на ‘рскавицата

● Помага за зголемена флексибилност на зглобовите

● Ги помага анти-воспалителните процеси во сврзните ткива

Зошто да го одберете Pure Nutrition течниот колаген

Pure Nutrition течниот колаген е еден од највисоко квалитетните колагени за суплементација, кој обезбедува доза базирана на докази (10 грама) од Fortigel® биоактивни колаген пептиди во секое сервирање. Течниот колаген доаѓа во вкусен овошен пунч и може да се пие директно или разреден во вода. Секое шише од Pure Nutrition течниот колаген е проиведено во cGMP објекти во Германија, кои гарантираат најголема чистина, моќ и ефективност.

Референции

1.  Hamlin, C. R., Luschin, J. H., & Kohn, R. R. (1980). Aging of collagen: comparative rates in four mammalian species. Experimental gerontology, 15(5), 393-398.
2.  Flechsenhar, K. (2007). FORTIGEL (R)-a new concept for the treatment of osteoarthritis. Agro Food Industry Hi-tech, 18(5), 46-48.
3.  Oesser, S., Proksch, E., & Schunck, M. (2008). 72 PROPHYLACTIC TREATMENT WITH A SPECIAL COLLAGEN HYDROLYSATE DECREASES CARTILAGE TISSUE DEGENERATION IN THE KNEE JOINTS. Osteoarthritis and Cartilage, 16, S45.
4.  Schunck, M., & Oesser, S. (2013). Specific collagen peptides benefit the biosynthesis of matrix molecules of tendons and ligaments. Journal of the International Society of Sports Nutrition, 10(1), P23.

Предупредување

Предупредувања: Не употребувајте ако сте алергични на било која од додатоците. Немојте да употребувате ако сте бремени или негувате. Не ја надминува препорачаната дневна доза. Додатоците во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна и добро балансирана исхрана. Се препорачува урамнотежена исхрана и здрав начин на живот. Чувајте го на суво и ладно место. Да се чува подалеку од мали деца. Заштита од директна сончева светлина и замрзнување.